Доколку сакате здрави нокти и коса, тенка половина, квалитетен сон и живот без стрес, започнете ова да го пиете уште денес
Оваа состојка се смета за златна кога станува збор за стекнување на универзални здравствени придобивки, кои му се потребни на секој од нас.
Станува збор за желатинот, а во продолжение прочитајте за што сè е истиот корисен:
1. Ги зацврстува и обновува ноктите и косата
Кератинот, кој исто така е дел од желатинот, може да се користи како алтернативно лекување за зајакнување на кршливата и слаба коса, како и за ноктите.
Подеднакво е ефикасна, без разлика на начинот на кој ќе се употреби, внатрешно или надвор.
2. Ја подобрува надворешната состојба на кожата
Колагенот е една од најчесто користените состојки за производство на различни креми и други козметички производи за нега на кожата.
Консумацијата на желатин, како и неговата надворешна употреба ги намалува негативните ефекти настанати како резултат на прекумерена изложеност на Сонце и влијанието на токсини, при што истовремено ја спречува предвремената појава на брчки.
3. Ја намалува анксиозноста и го ублажува стресот
Дали сте знаеле дека во желатинот има глицин, својство кое делува како седатив, односно има смирувачки ефект. Тој го забавува производството на норепинефрин, хормонот поврзан со анксиозноста и паничните напади.
Кога внатрешно го примаме желатинот, тој го балансира нашиот нервен систем и го забавува производството на хормоните одговорни за стресот.
4. Ја стабилизира и обновува цревната флора
Внатрешното примање на желатин служи и за зајакнување и обновување на дигестивниот систем, кој е често надразнет поради неподнесувањето на одредени видови храна и некои заболувања.
Оваа негова фунција помага да се подобри дигестивната функција, што е клучен елемент за општото здравје на нашето тело.
5. Ни помага да спиеме подобро
Луѓето кои страдаат од несоница и други видови на нарушувања на сонот, може лесно да се справат со овие проблеми, консумирајќи кисело млеко со мало количество на желатин.
Аминокиселините и минералите, кои влегуваат во составот на желатинот, ја имаат способноста да го зголемат производството на мелатонин, хормонот одговорен за добриот, здрав и квалитетен сон.
6. Помага во бoрбата со прекумерената тежина
Подради ниската калорична вредност и големите количества на протеини, желатинот е одличен сојузник на оние луѓе кои се обидуваат да се ослободат од вишокот килограми.
Факт е дека протеините го намалуваат чувството на глад и ве заштитуваат од преголем внес на калории.
7. Го забрзува заздравувањето на раните
Антивоспалителните и лековити својства на оваа состојка се исклучително корисни за забрзување на процесот на заздравување на внатрешни и надворешни рани.
Желатинот ефикасно дејствува за регенерација на површинските рани, како и за лекување на состојби како што се акните.