Доколку вашиот брак е во криза, потребно е да поставите само 1 прашање на вашиот сопруг или сопруга
Да се вљубиш во некој е многу лесно и едноставно, но да ја одржуваш истата љубов после долги години брак е можеби една од најсложените работи.
Денес ја споделуваме приказната на еден среќно женет маж, кој бил на чекор да се разведе од неговата сопруга. Но, за среќа, кога партнерот до вас вистински го сакате и ви значи, тогаш решение постои и за најтешките проблеми.
Во продолжение прочитајте ја неговата приказна:
„Од неодамна мојата ќерка ми рече: „Како дете, постојано се плашев, дека поради постојаните караници, ќе се разведете со мама. Пресреќна сум што и денес после толку години се согласувате и сте заедно.“
Се навратив кон минатото и сè уште не сфакам како ние успеавме да стапиме во брак. Карактерите ни беа различни. Годините поминати во брак немаа никакво влијание врз согласувањето и обратно, а дури ни доволните финансии не доведоа до потребното задоволство, туку сосема спротивното.
Кога тргнав на турнеја за рекламирање на мојата нова книга, чувствував среќа. Кончено можев да дишам слободно. Пред тоа, многу пати сме разговарале за развод. За време на моето отсуство, се подразбира, комунициравме постојано преку телефон, ама секогаш, буквално секогаш разговорите ни завршуваа проследени со некое непријатно чувство.
Тогаш во еден момент, се свртев кон Бог. Не се сеќавам дали беше конкретно молитва или не. Стоев во бањата и велев дека немам Божја сила. Бев сигурен дека бракот дека нашиот брак е огромна грешка и дека веќе не можев да живеам така. Не сфаќав зошто не можам да се разберам со мојата сопруга. Предложив да поминеме некое време сами заедно. Таа е прекрасна личност, а ниту јас не сум лош човек. Тогаш, зошто ни се случуваа тие работи? Зошто со сопругата не сакавме да се промениме кон подобро?
Исцрпен, седнав на подот. Не знаев што да направам. Можев само да се променам и тоа решив да го направам. Се помолив на Бог, да ми даде сили да се променам за мојата сакана. Навистина ја сакам. Си дојдов дома во вечерните часови, но мојата сопруга не ме ниту ни погледна. Веднаш разбрав дека итно се потребни промени.
Следното утро ја прашав сопругата: „Како може да ти го направам денот подобар?“. Таа отсечно ми одговори: „Никако!“. Го поставив прашањето уште двапати, по што сопругата ми одговори цинично: „Сакаш ли да направиш нешто? Исчисти ја кујната!“ Најверојатно сакаше да ме изнервира, но јас без да кажам ниту збор, ја исчистив кујната.
Следниот ден го поставив истото прашање, нејзиниот одговор беше: „Исчисти ја гаражата.“ Мојата сопруга знаеше дека јас тој ден имав многу работа и сакаше едноставно да ме разлути. Но, наместо да се нервирам и да се расправам, едноставно се согласив со неа и ја исполнив задачата.
Таа наша рутина со прашањата продолжи во наредните 2 недели, при што сопругата не издржа и ме праша каква потреба имам да го поставувам тоа прашање секој ден. Одговорив дека ја сакам и сакам да ја видам среќна. Следниот ден се случи чудо. Кога го поставив вообичаеното прашање, мојата сопруга ме замоли денот да го поминам со неа.
Започнавме да се расправаме значително помалку, а да се грижиме повеќе еден за друг, односно веќе и мојата сопруга повторно се интересираше за мене и ме прашуваше истото прашање. Ледот меѓу нас се стопи, ние почнавме да комуницираме искрено, од срце. Ги решивме сите наши брачни проблеми во еден чекор и мислевме само на тоа како еден на друг да си го разубавиме денот.
Ние сме во брак 30 години. Како писател, со сигурност можам да кажам дека за да живеете среќно и задоволно, мора да се потрудите многу. Љубовта не е привилегија, туку искрена грижа за партнерот, негово почитување и ценење, притоа вложување обостран труд.“