Доколку видите ваков инсект во вашиот дом, не го убивајте во ниту еден случај, а еве и зошто
Инсектот се карактеризира со жолтеникаво-сива боја, а истиот потекнува од семејството на стоногалките.
Станува збор за куќните стоногалки или муволовки. На почетокот од својот развој, овој инсект најмногу бил застапен во средоземноморскиот регион, а потоа се распостранил низ целиот свет. Овие инсекти вообичаено се сместуваат во куќите на луѓето и доколку во вашиот дом видите ваков инсект, не го убивајте во ниту еден случај.
Овој инсект не е бескорисен за луѓето, туку сосема напротив, може да имате бројни придобивки од истиот, бидејќи се храни со инсекти. Тој мал предатор ги лови мувите, лебарките, пајаците, комарците, молците и другите видови штетници.
Со помош на неговите 30 брзи нозе, предаторот многу брзо може да ја стаса својата жртва, а откако инсектот веќе е фатен, муволовката го парализира со својот отров, кој пак го лачи преку своите заби.
За да се заштити и самата себе, муволовката може да нападне и човек, но нејзиниот отров не влијае врз луѓето. Односно, само доколку сте алергични, може да добиете мала безначајна реакција од убодот.
Но и покрај фактот што овој инсект е безопасен за луѓето, а опасен за инсектите, со тоа што ги уништува лебарките, мувите, комарците и слично, сепак муволовката често е непосакуван гостин во домот, бидејќи повеќето луѓе не ги сакаат инсектите, а воедни муволовката често им наликува на класичните стоногалки, па поради изгледот често ги сметаат за застрашувачки и опасни.