Доколку забележите вакви израстоци на вашите очни капаци, потребно е да направите една единствена работа
Доколку забележите присуство на овие не толку пријатни израстоци на површината на вашите очни капаци, тогаш неопходно е да направите едно единствено нешто.
Станува збор за ксантелазма, која не е козметички проблем, туку загрижувачки симптом.
Доколку забележите вакви жолтеникави израстоци на врвот на вашите очни капаци или кај вашите најблиски, тогаш неопходно е да побарате лекарска помош. Воедно, не се фокусирајте само на нивното отстранување, туку и побарајте лекарска консултација што може да направите, за да истите веќе никогаш не се појават.
Ксантелазма- На прв поглед изгледа како безопасни израстоци. Вообичаено се бледи и малку потешко се забележуваат. Без разлика, во секој случај потребно е да направите лекарски преглед.
Појавата на ксантелазма најчесто е предупредување и индикатор за појава на атеросклероза и сериозни срцеви заболува, како и коронарна болест на срцето. Диајбетес, хипертензија, заболување на црниот дроб, исто така се чести сопатници на ксантелазмата.
Основната причина за појава на овие непријатни израстоци при врвот на очите е нарушување на липидниот метаболизам во организамот, што е резултат на нездрав начин на исхрана, односно консумирање на премногу животински масти во исхраната и зголемени нивоа на шеќер во крвта.
Потребно е да знаете дека не постои начин сами, т.е самостојно да ги отстраните израстоците на ксантелазмата, односно домашните средства нема да ви бидат од никаква помош.
Единствено посетата кај лекар е соодветното решение за овој здравствен проблем, при што за отстранувањето на ксантелазмата се користат хируршки и ласерски техники.
Најчесто лекарите ги советуваат пациентите да обратат внимание на изворот т.е причината за настанувањето на овој проблем, а тоа е лошата исхрана, односно потребно е да негувате здрави навики и да направите соодветен лекарски преглед.