Докторите велат дека 40-годишник е втора личност во светот што се излечи од ХИВ
40-годишен маж е втора личност во светот излекувана од ХИВ, рекоа лекарите.
Адам Кастиљео, кој е познат меѓу медицинската заедница како „лондонски пациент“, е без вирусот 30 месеци од последниот пат кога примил антиретровирусна терапија.
Тоа е огромен чекор напред во медицинскиот свет, откако првиот човек, Тимоти Браун од Берлин, се излечи од вирусот уште во 2011 година.
Според студијата објавена во списанието „Лансет“, Кастиљео нема вирус што може да се открие во крвта, спермата или ткивото.
Научниците веруваат дека третманот со матични клетки на кој бил подложен за да го излечи карциномот, е успехот во неговото закрепнување. Ова е затоа што донаторите од кои добил матични клетки поседуваат уникатен ген кој дава заштита од ХИВ.
Според наодите, трансплантацијата на матични клетки по се изгледа ја запрелa способноста на ХИВ да се реплицира бидејќи ги заменил имуните клетки на Кастиљео со донаторски, кои можат да се спротистават на инфекцијата.
Во извештајот се вели дека 99% од имуните клетки на Кастиељо се заменети со донаторските клетки.
Научниците веруваат дека Кастиељо е излечен доживотно, пишувајќи дека неговите резултати го надминуваат математичкото моделирање, што сугерира дека лекот за живот е 98% веројатен во случаи кога 80% од имуните клетки се добиени од донатори.
Професорката Равиндра Гупта од Универзитетот во Кембриџ, водечки истражувач на студијата, изјави:
„Ова претставува лек против ХИВ речиси со сигурност“.
„Нашите откритија покажуваат дека успехот во трансплантацијата на матични клетки како лек за ХИВ, првпат пријавен пред девет години кај пациент во Берлин, може да се реплицира“, рече Гупта.
Додека лекот на Кастиељо е значаен, Гупта рече дека овој третман е исклучително ризичен и дека најверојатно ќе се користи само кај оние пациенти кои се и ХИВ позитивни и дијагностицирани со рак.
„Важно е да се напомене дека овој куративен третман е со висок ризик и се користи само како последно опција за пациенти со ХИВ кои имаат и хематолошки малигни заболувања опасни по живот. Затоа, ова не е третман што ќе им се понуди широко на пациентите со ХИВ кои се на успешен антиретровирусен третман “, рече Гупта.