Доли Партон го спаси животот на 9-годишно девојче за време на снимањето на нејзиниот најнов филм
Доли Партон се пошегува дека е „ангел“ во вистинскиот живот, откако го спаси животот на деветгодишно девојче за време на снимањето на нејзиниот најнов филм наречен „Божиќ на Плоштадот“.
Празничниот филм пристигна на Нетфликс минатиот месец и ја раскажува приказната за богатата Реџина Фулер, која се враќа во родниот град за да ги исели жителите и да го продаде земјиштето на сопственици на трговски центар.
Партон ја игра една од главните улоги во снимањето на филмот, каде го глуми ликот на Ејнџел, а воедно актерката ги напиша и сите песни потребни за филмот. Но, нејзината напорна работа не застана тука, бидејќи таа исто така беше зафатена грижејќи се и внимавајќи на нејзините колеги за време на снимањето.
9-годипшната актерка и танчерка Талија Хил беше избрана за снимање на филмот заедно со нејзините браќа, 16-годишниот Тристан и 13-годишниот Тајсон. За време на едно нејзино неодамнешно интервју за Инсајдер, младата девојка се потсети на снимањето на филмот и колку убаво било дружето со сите колеги.
Исто така, Талија откри дека во еден момент, кога режисерскиот тим ги повикал актерите да се вратат назад на своите позиции за снимањето, додека се враќала назад, наеднаш некој ја згапчил и повлекол назад од патот, бидејќи поминувало возило кое таа не го видела.
„Погледнав нагоре и тоа беше Доли Партон“ – објаснува Талија.
Младата актерка вели дека едноставно била „во шок“ кога сфатила Доли го спасила нејзиниот живот, а притоа воедно рекла: „Па, јас сум ангел, знаеш“, затоа што игра ангел во филмот.“
Пејачката потоа ја прегрнаla својата млада колешка велејќи: „Го спасив твојот живот!“. Благодарение на Партон, Талија успеа да се спаси од какви било инциденти со возилото и да продолжи да настапува заедно со нејзините двајца браќа и самата Партон.
Браќата и сестрите велат дека се неверојатно возбудени да се појават во филмот заедно со актерската легенда, а самата Талија вели дека Партон „мирисаше на рај“ кога пристигна на снимањето и дека била неверојатно љубезна со сите на сетот.
Во продолжение може да ја погледнете најавата за филмот: