Домашен билен спреј против акни, кој лесно и ефикасно го решава вечниот проблем на дамите
Речиси секој во животот се соочил со несаканата појава на акни, кои лесно може да го нарушат надворешниот изглед, како и самата самодоверба на личноста, а кои лесно може да настанат како резултат на хормонски промени.
Со цел брзо и ефикасно да се ослободите од овој вечен проблем, кој ги мачи речиси сите девојки и жени, денес ви го претставуваме најлесното домашно решение. Прочитајте во продолжение за што станува збор.
Домашен билен спреј против акни
Потребни состојки
- 1 ќесичка зелен чај
- 1 ќесичка чај од нане
- 3 капки масло од чајно дрво
- 1 кафена шолја врела вода
- Дополнително ќе ви бидат потребни чајник, керамичка шолја и шише – спреј
Начин на подготовка и употреба
Поставете ги ќесичките со чај во чајникот, полејте со врелата вода и оставете ги да се варат околу 5 минути. Откако истиот ќе се свари, прецедете го и оставете го да се излади целосно. Потоа додадете 3 капки масло од чајно дрво и исипете ја добиената смеса во шишето.
Спрејот секогаш нанесувајте го на претходно исчистена кожа. Откако ќе го нанесете, оставете го да се исуши, а потоа нанесете соодветна лесна навлажнувачка крема.
Зошто овој спреј е ефикасен?
Зелениот чај и чајот од нане со векови се познати и многу користени поради нивните моќни лековити својства. Тие се богати со антиоксиданти, ензими, аминокиселини, фитохемикалии, витамини од групата Б, фолна киселина, магнан, калиум, магнезиум и кофеин. Благодарение на овие елементи, чаевите ефикасно ги отстрануваат токсините од кожата, ги лекуваат дамките и белезите и ја подобруваат еластичноста.
Маслото од чајно дрво ја освежува кожата и го спречува затнувањето на порите, воедно благодарение на моќните антивоспалителни и антигабични својства, истото е одлично средство протв акните.