Домашен чипс готов за 10 минути: Без пржење, супер крцкав и пред сè, здрав!
Секој од нас знае дека купечкиот чипс не е многу здрав за консумирање, но тоа не ни пречи постојано да го купуваме, бидејќи е неодолив на вкус. Сепак колоритното пакетче чипс, освен компир, содржи и голем број на нездрави додатоци, вештачки состојки кои служат за подобрување на вкусот.
Токму затоа, доколку чипсот е вашата омилена закуска, за денес ви откриваме фантастичен рецепт како да си приготвите како да го приготвите во здрава и извонредно вкусна варијанта во домашни услови.
Подготовката на домашниот чипс ќе ви одземе едноставни 10 минути, а неговиот вкус може да го збогатите со вашите омилени зачини.
Вкусен, крцкав и ароматичен- Вие и вашите блиски ќе му се насладувате бескрајно! Покрај тоа, овој домашен чипс е и исклучиво здрав за консумирање, бидејќи не се пржи во огромно количество на масло, како што е случајот со купечкиот чипс.
Домашен чипс за 10 минути
Време на приготвување: 10 минути, но доколку планирате да направите повеќе чипс, најверојатно времето ќе се зголеми.
Потребни состојки
- 3 компири (средна големина)
- Масло за готвење
- Сол и зачини по ваш вкус
Начин на подготовка
1. Подгответе ги сите неопходни состојки: Зачини (Пр. Мелен црвен пипер и зачини за компири), масло, сол, хартија за печење и секако, компирите.
2. Покријте ја чинијата со хартија за печење и одозгора премачкајте ја нејзината површина со маслото за готвење.
3. Исечете ги компирите на тенки парчиња, употребувајќи ја лупилката за зеленчуци. Колку потенки се исечени парчињата, толку помалку време ќе му биде потребно на чипсот да се приготви.
4. Поставете ги исечените парчиња компир во претходно подготвената чинија, притоа распоредени во еден слој.
5. Нанесете сол и зачини врз компирите, по ваш вкус.
6. Така подготвена, чинијата поставете ја во микробранова печка, за печење во времетраење од 6-7 минути, на максимална моќност. Доколку исечените парчиња се премногу тенки, ве советуваме најпрво да го поставите мерачот на време на 3 минути, а потоа доколку е потребно, зголемете го времето. И не заборавајте од време на време, да ги набљудувате, за да не ги препечете комприите.
7. По речиси 10 минути, вашата прва порција на домашно приготвен чипс ќе биде готова! Насладувајте се на задоволството со вашите најблиски и пријатен апетит!