Домашен диетален сладолед со кисело млеко – 100 пати повкусен од традиционалнот и одличен за слабеење
Понекогаш топка сладолед од ванила е повкусна дури и до најскапиот десерт на светот. Речиси и да не постои човек кој не обожава сладолед, особено сега во летната сезона што доаѓа.
Што ќе кажете за сладолед од кисело млеко, кој нема да му пречи на вашето диетално мени? Еве како лесно може да го приготвите уште денес.
Диетален сладолед со кисело млеко
Потребни состојки
- 70 гр кисело млеко
- 70 гр замрзнати парчиња ананас
- 1 супена лажица мед
- 1 полна кафена лажица сок од лимон
Начин на подготовка
Едноставно измешајте ги сите состојки заедно во блендер, до добивање на една добро соединета смеса. На крај, во сладоледот по желба може да додадете и малку кокос, кој претходно може и малку да се испржи.
Тропскиот сладолед за брзо време ќе биде готов, а неговиот егзотичен вкус нема никого да остави рамнодушен!
Доколку не претпочитате ананас, сладоледот може да го приготвите со било кое друго овошје, по ваша желба, или пак едноставно само да измешате 150 грама кисело млеко, 2 супени лажици мед и 3 супени лажици сок од лимон.