Кожата треба да се негува со природни состојки, за да биде здрава. Кокосовото масло, медот и етеричните масла се многу погодни. Тие имаат својство не само да ја негуваат, но и да придонесат во квалитетното миење и хидрирање на кожата.

Со помош на овие производи можете да си направите домашен гел за туширање.

Кокосово масло

Кокосовото масло е вистински еликсир за кожата. Тоа ги отпушта порите на кожата, помага за нејзино длабинско хидрирање и истовремено нејзино потхранување со корисни материи и антиоксиданси.

Мед

Медот има волшебни лековити својства. Тој ги смирува инфекциите, го спречува растот на бактерии на кожата, благодарение на антибактериските својства.

Течен кастилски сапун

Кастилскиот сапун има неверојатни бенефиции за кожата, особено за сува кожа. Одличен е затоа што ја потхранува и навлажнува кожата, ги отстранува иритациите и чувството на сувост и пукање.

Етерични масла

Етеричните масла даваат неверојатен мирис на домашно подготвениот гел за туширање, но и не само тоа. Тие ја полнат кожата со корисни материи, добиени од соодветните природни производи, од кои е направено етеричното масло.

Состав на домашниот гел за туширање:

¼ чаша кокосово масло
¼ чаша мед
½ чаша течен кастилски сапун
1 мала лажичка витамин Е (од ампула)
15 капки етерично масло од еукалиптус
10 капки етерично масло од лимон или грејпфрут
10 капки етерично масло од портокал

Стопете го кокосовото масло, измешајте го и додадете го медот, етеричните масла и витаминот Е. Повторно добро измешајте, се додека состојките не се соединат. Накрај ставете го кастилскиот сапун. Мешајте многу внимателно, за да избегнете образување на пена.
Ставете ја готовата смеса во соодветно шише со дозирање. Протресете пред секоја употреба.