Домашен коктел од банана, со сладок моќен вкус и уште помоќен ефект за слабеење и рамен стомак
Повеќето дами кои практикувале диети порано или сега во моментот се придржуваат кон строг режим на исхрана ќе се согласат дека диетите навистина може да предизвикаат лошо расположение.
За таа цел, денес ви откриваме како на лесен, неверојатно вкусен начин, без труд да го добиете посакуваниот рамен стомак и конечно да се ослободите од вишокот килограми, благодарение на овој богат домашен коктел.
Вкусен домашен коктел за рамен стомак
Потребни состојки
- 1 банана
- 1 портокал
- 150 мл кисело млеко со ниска масленост
- 1 кафена лажица кокосово масло
- ¼ кафена лажица ѓумбир
- 2 кафени кажици ленено семе
Начин на подготовка
Излупете ги портокалот и бананата и поставете ги во блендер, а потоа додадете ги и сите останати состојки и добро измешајте, до добивање на една соединета смеса.
Коктелот е готов за консумирање, а вашето слабеење може да започне!
Зошто овој коктел е ефикасен?
Бананите содржат исклучително големо количество на калиум, како и други својства кои значително го забрзуваат метаболизамот. Лененото семе, ѓумбирот и млечно-киселите бактерии, хранливите влакна, пектинот и витаминот Ц, кои што се содржат во останатите состојки, лесно ги отстрануваат сите наталожени токсини од телото и ефикасно го прочистуваат организамот.