Домашен лек против кашлица со мед и 3 необични комбинации кои треба да ги пробате
На домашните лекови против кашлица секогаш треба да им се даде шанса пред да се посегне по штетните хемикалии кои се погубни за имунитетот.
Медот е ценета состојка уште од древни времиња, а денес сè уште е популарен во готвењето, како и во алтернативната медицина.
Покрај природните шеќери, медот содржи и големо количество на група витамини Б, како и витамините А, Ц, Е и К. Воедно медот е богат и со органиски киселини и минерални соли.
Токму затоа, повеќето луѓе ширум светот постојано го практикуваат, како за внатрешна, така и за надворешна употреба.
За денес ви откриваме рецепт за 3 необични кобминации со мед, а кои се сметаат за најдоброто домашно лекарство против кашлица:
1. Мед и анасон
Измешајте 1 кафена лажица течен мед со 2 супени лажици семе од анасон и притоа додадете прстофат сол. Исипете ја добиената смеса во чаша со вода, затоплена на 30-35°C, но не и повеќе, бидејќи во спротивно, медот може да ги изгуби неговите лековити својства.
Потоа прецедете ја смесата и консумирајте 2 супени лажици на секои 2 часа. Ова средство ќе ви помогне брзо и ефикасно да се справите со сувата кашлица.
2. Мед и алое вера
За подготовка на овој домашен лек ќе ви биде потребна 1 кафена лажица алое вера. Истата измешајте ја со 2 кафени лажици течен мед, до добивање на соединета смеса.
Од добиената смеса консумирајте по 1 кафена лажица, трипати дневно. Домашниот лек може да го складирате и во ладилник, но не повеќе од 2 дена.
3. Мед и вотка
За подготовка на овој лек, неопходно е да измешате 1 жолчка во чаша, употрбувајќи вилушка, а притоа додека мешате, постепено додавајте и 1 супена лажица мед, 1 супена лажица вотка и прстофат сода бикарбона.
Од добиената смеса треба да се консумира по 1 голтка, трипати дневно, притоа истата секогаш треба да биде свежо приготвена.