Домашен лек за воспалени непца
Воспалените непца можат да создадат непријатна болка во усната шуплина, но и непријатен изглед кога ќе ја отворите устата. Причина за оваа состојба може да биде недостаток на витамин Ц, недоволна грижа за забите, едновидна храна, четка за заби со груба текстура, несоодветна паста за заби или пак несоодветно поставена забна пломба.
Ова се неколку рецепти за домашни лекови кои ќе ви помогнат да се решите од проблемот со воспалени непца на природен начин, без медицински третман.
Третман со млади листови од растенија
Овој третман се практикува со џвакање на листови од бреза, бор, липа, коприва, киселица или глуварче. Во својот состав тие имаат одредено количество витамини кои имаат својство на обновување на кожата. Најдобро е да се конзумираат свежи за да не ги изгубат лековитите својства.
Третман со сончогледово масло
Исплакнете ја усната шуплина со една лажичка сончогледово масло. Овој третман практикувајте го 2 пати на ден, во период од 6 месеци. Маслото од сончоглед ќе ги освежи непцата и ќе помогне да тие да заздрават.
Третман со сок од зимзелени растенија
Во 1.5 литар вода ставете 5 лажички борови иглички, 2 лажици мелена шипка и 1 лажица ситно сецкана кора од кромид. Садот со водата ставете го на оган и оставете да зоврие 5 минути. Со напивката плакнете ја устата секое утро, во период од 2 недели.
Третман со прополис
25 грама пчелно саќе се меле и се претура во стаклено шише, се додава 10 мл. алкохол и 150мл водка. Се остава да се растворат состојките во период од 15 денови. По истекот на периодот, се процедува смесата. Се конзумира на тој начин што една кафена лажичка од смесата се раствора во една чаша вода, затоа што смесата е концентрирана и има премногу силно дејство.