Домашен напиток со кисело млеко кој килограмите ги топи како со брзина на светлината – Се пие преку ден, а следното утро ги имате резултатите
За разлика од пресното млеко, киселото млеко многу побрзо се вари и притоа значително ја подобрува нарушената дигестија, ги исфрла токсините од организамот и ги неутрализира стомачните киселини.
Тоа содржи огромен број на витамини, при што неговата консумација го подобрува нашето општо здравје и ја подобрува функцијата на дигестивниот систем, црниот дроб и панкреасот.
Токму затоа многу нутриционисти го препорачуваат следниот домашен наптиок кој содржи кисело млеко, ако сакате брзо, ефикасно и лесно да се ослободите од прекумерената тежина, односно вишокот килограми.
Домашен коктел со кисело млеко за моќно слабеење
Потребни состојки
- 300 мл кисело млеко
- 3 страка магдонос
- 3 страка копар
- 3 страка целер
- 1 краставица
- Прстофат сол
- Мелен црн пипер
Начин на подготовка и употреба
Измијте го зеленчукот, а потоа додадете го во блендер и исипете половина од киселото млеко. Добро измешајте ги состојките, а потоа додадете го и преостанатиот дел од млекото и повторно добро измешајте. Исипете го готовиот коктел во чаша и додадете сол и мелен црн пипер по вкус.
Овој коктел лесно може да го замени вашиот појадок или вечера, а веќе следниот ден од првото консумирање ќе се чувствувате полесно и освежено.