За ублажување на силната главоболка, може да употребите обична готварска сол. Едноставно е потребно да подготвите облога од истата, приготвувајќи физиолошки раствор. Оваа облога воедно ефкасно го нормализира крвниот притисок.

Домашна облога од физиолошки солен раствор за главоболка

За да ја подготвите облогата на најлесниот можен начин, пресвиткајте завој на 8 слоеви. Ширината на облогата потребно е да биде иста колку и ширината на челото, а должината- колку што е обемот на главата.

Следно затоплете 250 мл вода на температура до 60-70°C и во истата растворете 2 рамни кафени лажици сол. На овој начин ќе добиете 8% физиолошки раствор. Со истиот може да ги исплакнете вашите уши, чело и вратот.

Добро потопете го завојот во солениот раствор и заврзете го околу вашата глава. За да ја одржите стабилноста на облогата, завиткајте и памучен шал околу истата, а потоа може да легнете.

Ублажувањето на болката ќе го почувствувате по само неколку минути. По отстранување на облогата, измијте ја главата со топла вода.