Домашен раствор со кој сарделата непрекинато ќе расте цела година – Без многу труд до раскошни резултати
Без ова прекрасно цвеќе, едноставно домот не е ист! Денес ви откриваме како лесно и правилно да се погрижите за вашата мушкатла или најчесто позната како сардела, со цел да расте непрекинато цела година.
Сарделите се навистина лесни за одгледување. Поставени до прозорец, на сончеви зраци, на температура над 12°C, тие се во состојба да цветаат цела година, а еве како да приготвите и домашен растор за правилно да ги потхраните.
Домашен раствор за ефикасно цветање на сардела
Потребни состојки
- 2, 7 литри вода
- 100 гр квасец
- Половина шолја шеќер
Начин на подготовка и употреба
Во 3-литарска тегла исипете ја водата. Разредете го квасецот со топла вода, а потоа заедно со шеќерот додадете ги во теглата со водата. Покријте ја истата со завој – газа и складирајте ја на топло, а од време на време, протресувајте ја теглата за да состојките добро се измешаат. Растворот ќе биде готов кога ќе заврши процесот на ферментација.
Потоа разредете 1 чаша од растворот во 10 литри вода и на овој начин полевајте ја сарделата на секои 2 недели.