Домашен рецепт кој чудесно ги обновува и омекнува стапалата, притоа ја спречува појавата на непријатен мирис и габички
Секој од нас барем еднаш се соочил со непријатна ситуација при која, откако сме ги соблекле чевлите, стапалата да започнале да мирисаат лошо.
За таа цел, за да им ставите крај на овие здодевни секојдневни проблеми, за денес ви откриваме испробан и одобрен рецепт од многумина, кој се приготвува на база на природни состојки, а кој ефикасно се бори против потењето, непријатниот мирис и притоа успешно ги елиминира габичките и микробите.
Рецептот покрај тоа што е економичен, истовремено, неговата подготовка ќе ви одземе само неколку минути.
Домашен рецепт за совршени стапала
Потребни состојки
- 1 супена лажица сув рузмарин
- Неколку суви листови од нане
- 1 супена лажица исушени листови од жалфија
- 200 мл водка
Начин на подготовка
Поставете ги билките во стаклен сад и наполнете го истиот со вотка. Оставете ја смесата да отстои 2-3 дена. Не ја филтрирајте течноста и складирајте ја на ладно место.
Наполнете друг сад со топла вода и додаде малку сода бикарбона и морска сол. Потопете ги стапалата во оваа течност во времетраење од 10 минути. Потоа извадете ги стапалата и добро исушете ги со крпа.
Завршете го третманот така што ќе потопите парче ткаенина во првиот раствор и со ткаенината поминете преку целата површина на вашите стапала т.е по кожата и ноктите.
Оваа домашна тинктура ќе ви помогне ефикасно да се изборите против поттам, микробите и габичките, а истовремено рузмаринот и нането ќе ви помогнат брзо да се ослободите од непријатниот мирис.