Домашен рецепт кој помага против надуеност и гасови
Доколку често страдате од надуеност и гасови и веќе оваа состојба ве заморува и ви го нарушува секојдневието, без грижи, со овој домашен рецепт од природни состојки ќе се ослободите од проблемот!
Потребни состојки
- Половина ананас
- 2 стебла анасон
- 2 стебла целер со листови
- Малку корен од ѓумбир (2-3 цм)
Начин на подготовка
Сите состојки измешајте ги во блендер. По потреба додадете вода, доколку сакате да биде потечна смесата. Откако ќе ја добиете посакуваната текстура, сокот ќе биде готов за пиење.
Се препорачува да се консумира на празен стомак, сè додека стомачните тешкотии, односно науденоста и гасовите на исчезнат.
Оваа моќна комбинација е совршена за обновување на дигестивниот систем, бидејќи ананасот содржи ензими кои го поттикнуваат варењето. Целерот го спречува задржувањето на водата во организамот. А анасонот и ѓумбирот ги обновуваат цревата.