Домашен рецепт од кој косата расте по 3 центиметри месечно
Жените секогаш бараат евтин, но ефикасен лек за побрз раст на косата. Една од нив е никотинска киселина, а еве како истата може лесно да ја употребите во домашни услови, приготвувајќи маска благодарение на која ќе имате густа и долга коса.
Никотинска киселина, ниацин или уште познато како витамин Б3 ефикасно ги лекува раните, штити од кардиоваскуларни заболувања, го намалува холестеролот, но, исто така ја прави и косата преку ноќ да се претвори во совршено густа.
Можете да користите витамин Б3 во форма на ампули кога подготвувате домашни маски за коса. Влијае чудесно врз самиот скалп со зајакнување на микроциркулацијата, која ги стимулира фоликулите на влакната и го стимулира растот и зајакнувањето на косата.
Благодарение на никотинската киселина, скалпот останува чист подолго време, а се обновува и бојата, квалитетот и волуменот на косата. По 10 до 14 дена се забележува забрзан раст на косата, во просек од 3 до 4 центиметри месечно.
Домашна маска со никотинска киселина за густа и совршена коса
Измешајте 1 супена лажица сок од алое вера, ампула на никотинска киселина и неколку капки течен мед. Добиената смеса нанесете ја на корените од косата и оставете ја маската да дејствува 1 до 2 часа, а потоа исплакнете и измијте со шампон. Правете ја маската на секои 2 дена, до целосно завршување на вкупно 10 третмани за добивање на посакуваните резултати.
Алое верата, исто така, го поттикнува растот на косата, воедно ја омекнува и негува. Медот пак, го спречува паѓањето на косата, го зајакнува коренот, го стимулира производството на колаген и еластин.