Домашен рецепт со кој вашите трепки ќе станат двојно погусти и ќе добијат совршен волумен
Долгите и густи трепки се сон на речиси секоја жена, но, доколку не ги претпочитате вештачките трепки, денес ви го претставуваме идеалното природно решение со кое ќе ја постигнете посакуваната цел.
Домашно средство за раст на трепки
Потребни состојки
- 5 капки рицинусово масло
- Капсула витамин Е
- Сок од 1 лист алое вера
Начин на подготовка и употреба
Добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една соединета смеса. Добиениот гел нанесувајте го секое утро и навечер по линија на растот на трепките. Практикувајте го овој третман секојдневно и за 1 месец вашите трепки ќе станат двојно погусти и ќе го добиете совршениот посакуван волумен.