Домашен штит за белите дробови – Чисти од слуз, го олеснува дишењето и заштитува од компликации
Една од најистакнатите и најпопуларни бугарски лекари, Д-р Недела Шонова постојано дели бесценети совети и рацепти како најдобро да го заштитиме и зајакнеме нашето здравје.
Еден од нејзините најпопуларни и најдобри рецепти е следниот за прочистувањето на белите дробови, кој се подготвува мног лесно, а потребни ви се само 3 едноставни состојки.
Домашниот лек ефикасно ја отстранува кашлицата, вишокот на слуз и болките во грлото исчезнуваат. Се подразбира, природниот лек може да биде користен и без некакви видливи проблеми на белите дробови, туку превентивно.
Домашен лек за прочистување на белите дробови
Потребни состојки
- 400 мл вода
- 2 зрели банани
- 2 супени лажици мед
Начин на подготовка и употреба
Најпрво, потребно е да ставиме 400 мл вода на оган, да зоврие. Откако ќе ја достигне неопходната температура, водата се отстранува од оганот и во неа се додаваат 2 зрели банани, кои претходно е неопходно да бидат исечени на мали парчиња. Од топлата вода, истите ќе се растопат, а исто така добро е и со лажица да ја мешаме смесата. На крај, во истата се додаваат 2 супени лажици мед и добро сето се меша до добивање на една хомогена смеса.
Добиеното лекарство се консумира топло, но не и врело. Дозата се прима целата наеднаш, а треба да се консумира пред првиот оброк во денот.