Секојдневно се случуваат мали несреќи при работа во домот и затоа од одлична корист би бил мелем со кој ќе можеме брзо да ги решиме проблемите како што се раните, изгорениците и плускавците.

Состојки

  • 1 чаша вистински восок
  • 1 чаша маслиново масло (или сончогледово)
  • 1 лажица мед
  • 1 парче од прополис

Потребно е да ги ставите сите состојки во сад и да ги стопите. Потоа добро промешајте и на една чинија ставете неколку капки и оставете нека се излади за да ја проверите густината. Ако е премногу густо, во смесата додадете малку повеќе масло, а ако тоа е премногу течно и меко, тоа треба да се додаде восок. Додека е топол мелемот ставете го во тегли или кутивчиња за креми.

Нежно протријте на критичното место, но доколку станува збор за рани нанесете само тенок слој и прикријте со газа.