Во моментот се наоѓаме на сезоната на најмногу настинки и грип, иако зимата сè уште официјално не ни пристигнала. Доколку се грижите дека купечките производи содржат одредени штетни материи, денес ви откриваме природен рецепт за овој проблем.

Домашен супер лек за брзо лекување на болно грло и кашлица

Потребни состојки

  • 300 мл домашно или пастеризирано пресно млеко
  • 4 суви смокви

Начин на подготовка

Исечете ги смоквите на ситни парчиња и заедно во еден сад, измешајте ги со млекото. Поставете го садот на тивок оган, со капакот поставен на половина. Потребно е смесата да се приготвува околу 30 минути.

Колку подолго се варат смоквите, толку погуст и посладок ќе биде растворот.

Откако ќе го отстраните садот од оганот, завиткајте го тенџерето во ќебе и така оставете ја смесата да се излади. За тоа време, смоквите ќе ги пренесат сите нивните корисни лековити својства во млекото. На крај, растворот се прецедува, а сувите плодови може да ги изедете.

Начин на употреба

Се консумираат 1-2 кафени лажици дневно од раствор, а остатокот од истиот складирајте го во стаклен сад во ладилникот. Потребно е смесата да се затопли пред нејзино консумирање.