Домашен тоник – Убиец на вируси и бактерии – Го пиете редовно и добивате челичен имунитет
Со доаѓањето на зимските месеци и студеното време, сите ние станува повеќе склони на појавата на вирусните инфекции и сезонскиот грип. Затоа потребен ни е моќен имуностимулатор кој ќе нè заштити и ќе го зајакне нашето здравје.
Токму за оваа цел, денес ви претставуваме златен рецепт за чудесен домашен тоник кој ефикасно штити од вируси и бактерии, а со неговот редовно пиење, имунитетот станува челичен! Еве како лесно да го подготвите.
Домашен тоник за челичен имунитет
Потребни состојки
- 3 средно големи глави лук (исечен)
- 3 средно големи глави кромид (исечен)
- 3 супени лажици рендан корен од ѓумбир
- 3 супени лажици рендан корен од рен
- 3 лути пиперки (исечени)
- Домашен нефилтриран, недестилиран јаболков оцет
Начин на подготовка и употреба
Поставете ги сите состојки во стаклена тегла, при што е неопходно истите да заземат 1/4 од нејзиниот обем. Потоа одозгора наполнете со јаболков оцет, затворете со капак и енергично протресете го садот. Запишете го датумот кога сте го приготвиле и почекајте 14 дена. Најмалку еднаш дневно протресувајте ја теглата.
По 14-от ден, смесата се прецедува преку ткаенина или завој. Состојките кои ќе останат во теглата може да ги искористите при приготвувањето на месо или како салата.
Пијте по 2-3 супени лажици т.е 3 пати дневно од домашниот тоник кога сте болни. Ако не сте сериозно болни, може да земате по 2 супени лажици по вечерта, за да го прочистите организамот. Складирајте го тоникот на темно место. Истиот има трајност до 1 година.