Домашен третман по кој ќе им кажете збогум на проблемите со испукани пети, калуси и клавус
Испуканите пети се чест проблем на кожата, кој може да варира од едноставен естетски проблем до одредена здравствена состојба. Истите се непријатни на изглед, но лесно може да предизвикаат и неудобност при чекорењето.
Најчестите симптоми ја вклучуваат здебелената кожа и појавата на калуси, кои наликуваат на жолти или темнокафеави израстоци на кожата, особено по внатрешната линија на петите.
Покрај сува и здебелена кожа, проблемот може да ескалира и до вцрвенување, чувство на чешање, воспаление и лупење на кожата.
Испуканите пети може да настанат како резулат на непарвилна грижа и нега на кожата, нездрав начин на исхрана, недостаток на влажност и неудобни обувки.
За таа цел, денес ви претставуаме еден многу едноставен домашен третман, благодарение на кој ќе ставите крај на овој проблем.
Домашен третман за испукани пети
Потребни состојки
- 10 таблети аспирин
- 250 мл 70% спирт
Начин на подготовка
Истолчете ги таблетите асприни до нивно претворање во прав, а потоа измешајте ги со спиртот. Добиениот раствор складирајте го во мало стаклено шише и оставете го да отстои 1-2 дена.
Секоја вечер, пред употреба најпрво протресете го шишето и исипете малку од течноста на памучен туфер или газа и така растворот нанесете го врз проблематичната зона на кожата. Потоа, завиткајте ги вашите пети во фолија, а одзогора облечете чорапи.
Оставете го растворот да дејствува во текот на целата ноќ, а следното утро исплакнете со вода и добро исушете ги вашите стапала.
По овој домашен третман, нанесете глицерин или соодветна крема за стапала. По 10 процедури, ќе ги добиете посакуваните резултати.