„Домашен убиец на дамки: Со него ги чистам садовите, мебелот, плакарите, па дури и подот, а неговиот ефект е брз и траен“
За денес ви откриваме како лесно да подготвите универзално домашно средство, благодарение на кое вашиот дом ќе изгледа секогаш беспрекорно, без многу труд.
Универзален домашен раствор за чистење
Ќе ви биде потребно
- 1,5 литри топла вода
- 2 супени лажици сода бикарбона
- 2 супени лажици оцетна есенција
- 1 супена лажица лимонска киселина
Начин на подготовка
Добро измешајте ги сите состојки заедно, а со истиот потоа може да ги исчистите и избришате сите валкани предмети во домот, од мебелот, до садовите, па дури и подот.
Домашниот раствор брзо, лесно и практично ја отстранува сета нечистотија, маснотија и останатите дамки и опасности од истите.