Домашен убиец на летните горештини- Фанта од кајсии е откритието на сезоната!:„Откако ја правам, веќе не купуваме газирано дома“
Дури и да не го обожавате правењето компоти, овој уникатен предлог ќе ви го освои срцето. Аромантичниот напиток со впечатливото име „Фанта од кајсии“, е толку вкусен, што ќе посакате веднаш да испиете цел бока.
А еве како лесно да го приготвите уште денес:
Потребни состојки (За 3 литри)
- 500 гр излупени кајсии
- 4 круга портокал
- 2 круга лимон
- 250 гр шеќер
Начин на подготовка
Измијте ги кајсиите, пресечете ги на половина и исчистете ги од семки. Портокалите излупете ги најдобро што можете т.е најдетално отстранувајќи ја белата обвивка и семките и потоа насечете ги на кругови со дебелина од 1 цм.
Измијте го лимонот и како и портокалот, и него насечете го на кругови со дебелина од 5 мм, притоа не заборавајте да ги отстраните семките.
Теглите во кои ќе го складирате компотот треба да бидат добро измиени. Не е потребно да ги стерилизирате, туку едноставно измијте ги со вода.
Во теглата поставете 0.5 кг кајсии, 4 круга портокал и 2 круга лимон.
Наполнете ја теглата со вода, затворете со капак и оставете да отстои 30-40 минути. Потоа течноста од теглата излејте ја во тенџере и додадете го шеќерот. Ставете да се вари и варете го сирупот, а откако ќе зоврие, варете дополнителни 3 минути, за да шеќерот се растопи целосно.
Наполнете ја теглата со сварениот сируп до самиот нејзин врв. Покријте со капак и затегнете го истиот добро. Потоа свртете ја теглата така што дното ќе дојде на врвот и истата завиткајте ја во ќебе. Складирајте ја на ладно место и почекајте да се излади пред да биде готова за консумирање.