Домашен витамински шампон против косопад: Додадете ги само овие 3 состојки и веќе никогаш нема да видите влакна по четката
Есента е период кога луѓето се најмногу склони да развијат косопад, а често оваа непријатна состојба е поврзана и со прекумерениот стрес, менопауза, бременост, загуба на телесна тежина и слично.
Доколку од неодамна сте се соочиле со поголемо опаѓање на вашата коса, тогаш следниот домашен рецепт е вистинскиот за вас.
Домашен шампон против косопад
Најпрво, ќе биде потребно да купите шампон на природна база со неутрална рН вредност. За таа цел, може да употребите најобичен детски шампон. Природниот шамон се користи како основа во овој рецепт, а во истиот потребно е да додадете 3 клучни состојки.
1. Етерично масло од рузмарин
Маслото од рузмарин придонесува за зголемување на крвотокот при скалпот, при што на овој начин е гаранција за целокупното здравје на косата.
2. Етерично масло од лимон
Маслото од лимон ќе ја освежи косата и воедно важи за одличен антисептик.
3. Две капсули витамин Е
Капсулите може да ги пронајдете во аптека, а истите ефикасно ќе го спречат косопадот.
Начин на подготовка
Додадете 10 капки етерично масло од рузамрин и 10 капки од етеричното малсо од лимон во шампонот. Следно додадете ги и капсулите витамин Е и добро протресете го шишето со шампон, пред истиот да го употребите.
Начин на употреба
Од голема важност е вака приготвениот домашен шампон да го користите секој ден. Нанесете го на врвот на косата и со нежни масирачки движења и триење, распространете ја добро смесата на скалпот. Оставете ги состојките да дејствуваат 10 минути, а потоа исплакнете со топла вода.
По неколку недели редовна употреба, ќе ги добиете посакуваните резултати!