Домашна билна купка која ефикасно помага при проширени вени, габички и низок крвен притисок
Одамна е докажано дека водата има смирувачко дејство за нозете, а кинеската медицина советува томку следната домашна купка да ја правиме при состојба на проширени вени, габички и низок крвен притисок.
Лековитата купка има чудесно и пријатно дејство врз целото тело, што воедно го подобрува и квалитетот на сонот.
Домашна билна купка за проширени вени и габички
Потребни состојки
- 1 супена лажица сомелен ѓумбир
- 2 супени лажици шафран
- 2 супени лажици пелин
- 1 шолја оцет
Начин на подготовка
Исипете 2-2.5 литри вода во соодветен сад и поставете го истиот на оган. Додека водата е сè уште студена, додадете ги шарфанот, пелинот и ѓумбирот. Оставете ги да се варат.
На почетокот, додека водата ќе биде топла и уште не започнала да се лади, треба да ги поставите вашите стапала на пареата и да ги покриете со крпа. Кога водата ќе се излади, потопете ги во истата, а по третманот добро исуштете ги нозете и облечете топли чорапи.
При примената на купката, нивото на водата треба да достигнува до вашите зглобови, а во најдобар случај до колената.
Воедно важно е да знаете дека шафранот е многу специфична состојка, при што затоа пред употреба на купката, консултирајте се со вашиот лекар.