Домашна крема за проширени вени и испукани капилари
Проширените вени настануваат како резултат на проблеми со циркулацијата на крв во крвните садови. Најголем виновник за тоа е положбата на седење или стоење, како и намалената физичка активност. Кај некои жени тоа се случува по бременоста, но независно од причинителите, оваа појава доколку не се третира може да доведе до посериозни компликации. Затоа ви препорачуваме најпрво да посетите васкуларен или кожен доктор, за да ја утврдите причината за настанувањето на појавата.
Доколку проширените вени ви претставуваат непријатност кога е во прашање изгледот на нозете, а не би сакале да издвоите голема сума на пари за да нивно отстранување преку соодветни естетски третмани, тогаш ви предлагаме да ја разгледате можноста за да ја направите оваа домашна крема, која ефикасно делува на кожата и ги повлекува видливите испукани капилари и проширени вени.
Потребно:
1 сапун
200мл. овчо млеко
Сапунот се ренда и се додава во млекото, се промешува и се остава да се растопи. Добиената смеса се нанесува на болното место, секој ден по три пати, наутро, напладне и навечер.