Домашна маска која докажано ја реанимира косата за само 1 ноќ
Денес ќе зборуваме за една супер маска која може да ја преобрази вашата коса до непрепознатливост, правејќи ја блескава и едноставно совршена, а која воедно е омилена на сите, поради нејзиниот брз ефект.
Во продолжение прочитајте како да ја приготвите
Супер маска со брз ефект до совршена коса
Потребни состојки
- ½ супена лажица рицинусово масло
- 1 супена лажица кокосово масло
- ½ супена лажица витамин Е (течен)
Начин на подготовка
Добро измешајте ги сите состојки заедно, а потоа добиената смеса нанесете ја врз вашата коса. Бидејќи е неопходно, целата смеса добро да се распредели во косата, за таа цел, користете четка за коса.
Следно, врзете ја косата и завиткајте ја во фолија, а потоа завиткајте и во крпа и легнете си.
Доколу немате време или сметате дека не можете да спиете со крпа на главата, тогаш направете ја маската пред спиење.
Следното утро темелно измијте ја маската, употребете 3 пати шампон, бидејќи истата има мазна текстура, па затоа е потребно повеќе миење со вода. Практикувајте го третманот еднаш неделно.
Зошто оваа маска е толку ефикасна?
- Значително го намалува оштетувањето на косата при бојадисување.
- Целосно ја регенерира внатрешноста на влакната.
- Ја прави косата здрава и цврста.
- Ја прави блескава и освежена.
- Ја обновува структурата на косата.
- Го спречува секое нејзино оштетување.