Домашна маска која ја подмладува кожата на рацете и делува превентивно против брчки и габични инфекции
Доколку очите се огледало на душата, тогаш рацете се одраз на професијата на човекот. И дури физичката работа да не е дел од вашата професија, сепак вашите раце секојдневно се изложени на разни фактори.
Истовремено кожата со текот на годините ја губи својата еластичност, по рацете се појавуваат возрасни дамки, од кои потешко може да се ослободите.
Најсигурниот начин да го спречите стареењето на кожата е да започнете за истата да се грижите колку што е возможно порано.
За денес ви откриваме евтино и ефикасно решение, со кое ќе го вратите сјајот на вашата кожа.
Домашна пилинг- маска за раце со лушпа од јајце
Благодарение на оваа маска ќе успеете лесно и брзо да го отстраните кератинизираниот горен слој на кожата составен од мртви клетки, а истовремено ќе успеете длабоко да ги потхраните и навлажните вашите раце. Исто така, домашната маска ќе ви помогне да го активирате процесот за спречување на предвременото стареење на рацете и превентивно ќе ја спречи појавата на габични инфекции.
Потребни состојки
- 2 супени лажици сомелени лушпи од јајца
- 2 супени лажици кокосово масло
- 2 капки етерично масло од чајно дрво
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на густа смеса. Добиената смеса нанесете ја на површината на вашите раце и распространете ја истата, масирајќи ја вашата кожа.
Со кружни движња, особено внимание обратете на зглобовите. Оставете ја маската да отстои 30-60 минути или преку ноќ. За поголема удобност, носете ракавици.
Доколку сакате да го побрзо да ја подмладите вашата кожа на рацете, тогаш практикувајте го овој третман секојдневно.