Домашна маска од компири со која косата расте побрзо и е кадифено мека!
Сон на речиси на секоја жена е да има убава, густа и негувана коса, но секојдневниот начин на живот, честата употреба на козметичките уреди, како и надворешните фактори меѓу кои спаѓа стресот може да придонесат за нејзино опаѓање и губење на сјајот.
Токму за оваа цел, денес ви претставуваме златен домашен рецепт за домашна маска која моќно го спречува косопадот и го враќа беспрекорниот изглед на косата!
Домашна маска од компири за совршена коса
Потребни состојки
- Компири
- Вода
- Парче завој
Начин на подготовка и употреба
Измијте и излупете ги компирите, а потоа исечете ги на мали парчиња и сомелете ги со помош на блендер. Доколку добиената смеса е премногу густа, додадете вода, а потоа со помош на парче завој т.е газа, прецедете ја смесата.
Добиената домашна маска нанесете ја на вашата коса, а потоа покријте ја главата со капа за туширање. Оставете ја маската да дејствува 20-30 минути, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин со шампон и вода. Практикувајте го домашниот третмант 2-3 пати неделно со цел побрзо да ги добиете посакуваните резултати.