Домашна маска со кисело млеко за супер густа и долга коса – Витаминска „инјекција“ за склапот
Прекрасната густа коса ја прави секоја жена да изгледа неверојатно. Но, многу фактори како квалитетот на водата, секојдневниот начин на живот и исхраната може да ја нарушат состојбата на истата.
За да го вратите природниот волумен на вашата коса и истата повторно да биде блескава и густа, притоа активно да го стимулирате нејзиниот раст, денес ви го откриваме најдобриот и најлесниот домашен начин како да го сторите тоа – без многу труд и без да трошите богатство, да ги добиете посакуваните резултати.
Домашна маска со кисело млеко за супер густа и долга коса
Потребни состојки
- 1 кафена лажица какао
- 1 јајце
- Половина шолја кисело млеко
Начин на подготовка и употреба
Добро измешајте ги сите состојки заедно, до добивање на една соединета смеса. Пред да ја нанесете маската на косата, навлажнете ја главата, а потоа нанесете ја смесата. Оставете ја маската да дејствува додека смесата да се апсорбира, а потоа нанесете го и вториот слој и почекајте 30 минути. На крај исплакнете со вода и шампон од коприва.
Со редовна употреба на оваа чудесна маска со моќен ефект, посакуваните резултати ќе ги добиете за помалку од 1 месец.