Домашна маска со пчелин восок за кожа на порцеланска кукла
Пчелиниот восок е добро позната состојка за нега и убавина на кожата, која се користела уште од древните времиња. Поради неговата моќ, не е изненадувачки што денес е дел од составот на најскапите креми за лице.
Но, со цел да заштедите на вашиот буџет, а да добиете подеднаков чудесен ефект, за денес ви претставуваме извонредна маска за лице која уште денес може да ја приготвите во домашни услови, а благодарение на која ќе добиете мазна и беспрекорна кожа.
Крем маска од пчелин восок и путер против брчки
Потребни состојки
- 50 гр путер
- 10 гр пчелин восок
- 1 супена лажица зејтин
- 1 кафена лажица маслен раствор од витамин А
- 10 гр суви листови од магдонос
Начин на подготовка
Измешајте ги добро сите состојки заедно, а добиениот крем потоа нанесете го на вашето лице. Направете ја маската во текот на денот, а за да ги добиете посакуваните резултати на мазна кожа без брчки, потребно е да направите 10 вакви домашни третмани.