Моцарелата е омиленото пресно сирење на Италијанците и на цел свет, без кое пицата би била обично парче леб. А еве колку лесно сами може да приготвите вкусна домашна моцарела.

Домашна моцарела од 2 состојки, готова за 30 минути!

Моцарелата е омиленото пресно сирење на Италијанците и на цел свет, без кое пицата би била обично парче леб. А еве колку лесно сами може да приготвите вкусна домашна моцарела.
Total Time30 minutes
Course: закуска
Cuisine: италијанска
Клучни зборови: домашна моцарела, моцарела
Servings: 4

Ingredients

  • 4 литри пресно млеко
  • 8-10 супени лажици оцет 9% (може да биде заменет со сок од лимон)

Instructions

  • Ќе ви биде потребно големо тенџере. Исипете го млекото воистото и поставете го на оган. Загрејте го млекото до 45-50°C т.е треба да е многу топло, но без да зоврие.
  • Потоа кренете го тенџерето од оганот и започнете сододавањето на оцетот (сокот од лимон), лажица по лажица, додека непрекинато мешате. Додавајте го вака оцетот додека се одделуваат сирењето и светло жолтата сурутка.
  • Во овој момент е неопходно внимателно да мешате и постепено да формирате топка од сирењето. Замесете го сирењето, отстранувајќи го вишокот на сурутка,
  • Повторно загрејте ја сурутката, за да стане врела, некаде околу 60-70°C, додадете супена лажица сол и поставете го во истата собереното сирење. Потоа започнете да го истегнувате со раце. Овој процес ќе го направи сирењето хомогено и еластично. Оформете од истото една голема топка или неколку помали.
  • Последниот чекор е да го потопите сирењето во многу студена вода, за да се стабилизира.