Домашна смеса за вечна младост: Ефикасно ги намалува брчките и ја зацврстува формата на лицето
Ослободувањето од брчките и затегнувањето на лицето можеби и не е толку тешко, колку што мислите.. Тајната во едноставно решение лежи во оваа лесна домашна маска за вечна младост.
За да ја подготвите истата, ќе ви бидат потребни неколку лажици желатин комбиниран со други природни состојки
Подготовка на затегнувачка маска за лице
Потребни состојки
- 1 кафена лажица желатин
- 100 гр вода
- 3 супени лажици мед
- Половина шолја глицерин
- Салицилна киселина за површината на кожата
Начин на подготовка
Откако ќе ги измешате добро сите состојки заедно, неопходно е смесата да се постави на водена пареа, за да состојките се соединат значително подобро. Откако истата ќе ја отстраните од оганот, за да се излади, повторно ќе биде потребно постојано да ја промешувате.
Готовата смеса се нанесува врз чиста кожа, секоја вечер пред легнување. Оставете ја истата да отстои не повеќе од 20 минути, а смесата која нема да се впие во кожата, отстранете ја употребувајќи влажна крпа. Потоа нанесете вообичаена навлажнувачка крема.