Домашни бонбони за љубителите на чоколадото – 2 состојки, 10 минути и величествен вкус!
Нема ништо поубаво од домашно приготвен десерт, а особено овие домашни чоколадни бонбони со величествен вкус едноставно немаат конкуренција. Еве како уште веднаш да ги приготвите!
Домашни чоколадни бонбони
Нема ништо поубаво од домашно приготвен десерт, а особено овие домашни чоколадни бонбони со величествен вкус едноставно немаат конкуренција. Еве како уште веднаш да ги приготвите!
Servings: 4
Ingredients
За послатки бонбони
- 160 мл кондензирано млеко
- 40 гр какао во прав + какао за крајна декорација
За побогат чоколаден вкус
- 100 мл кондензирано млеко
- 50 гр какао во прав + какао за крајна декорација
Instructions
- И во двата случаи постапката е иста.
- Со проѕирна фолија покријте мал правоаголен силиконски или пластичен сад.
- Загрејте го кондензираното млеко во микробранова печка на 30 секунди. Следно, во садот додадете го и какаото и измешајте ги состојките, до добивање на густа чоколадна смеса без грутки.
- Исипете ја добиената чоколадна смеса во правоаголниот сад и оставете ја да се зацврсти во ладилникот на 1 час.
- При вадењето, свретете ја чоколадната смеса, така што дното ќе дојде одозгора и лесно отстранете ја фолијата.
- Исечете ја смесата на малки коцки или формирајте топчиња, а потоа истите поставете ги во какао во прав и чудесните чоколадни бонбони веќе се готови за сервирање!