Домашни таблети на природна база со кои, за само неколку минути, ќе го вратите сјајот и свежината на вашата тоалетна школка
Најверојатно и на полиците во вашата бања, како и кај сите, стојат 2-3 производи за чистење на тоалетната школка и плочките. Дали некогаш сте го прочитале нивниот состав?
Да, тие се полни со секакви хемиски формули, но многу од истите штето влијаат врз нашата кожа, а воедно имаат многу непријатен мирис.
Затоа за денес ви откриваме рецепт како во домашни услови, само да си направите таблети за ефикасно прочистување на тоалетната школка, која ќе блесне и ќе замириса свежо, уште во првите минути по нивната употреба.
Домашни таблети за чистење на тоалетна школка
Потребни состојки
- ¾ чаша сода бикарбона
- 2 супени лажици лимонска киселина (лимонтус)
- Ароматично етерично масло по ваш избор (Пр. Лаванда, чајно дрво и сл.)
- 1 супена лажица средство за садови
Начин на подготовка
Во длабок сад, додадетеги содата и лимонската киселина. Измешајте ги добро состојките и додадете неколку капки од вашето омилено етерично масло, за мирис на коцките, а потоа додадете и од средството за садови. Измешајте ги добро сите состојки заедно до нивно соединување во форма на тесто. Добиената густа смеса складирајте ја во пластичен калап наменет за правење коцки лед или било кој друг вид на калап од таков вид.
Оставете ги коцките да отстојат, а потоа извадете ги од калапот и складирајте ги во затворена тегла, во која претходно потребно е да поставите салфета. По потреба, пуштете една таблета во тоалетната школка и веднаш ќе ја видите реакцијата на водата. Штом процесот ќе заврши, пуштете вода и сјајот, блескавоста и свежиот мирис веднаш ќе настапат на сцена!