Многу од нас имаат проблеми со кожата, со кои најчесто се справуваме со купување на скапи козметички производи, кои за жал, не секогаш дејствуваат ефикасно.

Доколку и вие често страдате од кожни проблеми, тогаш ви предлагаме да ја пробате следната домашна маска за лице, која се приготвува многу лесно, а која дава моќни избелувачки резултати, при што воедно ја намалува видливоста на нексаните брчки и ја затегнува кожата.

Домашна маска за лице со моќен избелувачки ефект

Потребни состојки

  • 20 гр свеж квасец
  • 2 помали супени лажици сок од лимон

Начин на подготовка и употреба

Измешајте го квасецот со лимонот. Додадете ја добиената смеса во друг сад наполнет со топла вода и оставете ја да престои 2-3 минути.

Следно, нанесете го добиениот лимонски квасец врз претходно исчистено лице и оставете ја маската да дејствува 20 минути. На крај, исплакнете со топла вода и нанесете крема за лице.

Доволно е маската да ја употребувате 1-2 пати неделно, за да ги добиете посакуваните резултати.