Домашно средство против глувци- Единствениот ефикасен метод трајно кој држи штетниците подалеку од домот
Доколку сте од луѓето кои не сакаат да им наштетат на овие мали невини животни, но сепак не ги сакате ниту во вашиот дом, тогаш ова домашно средство е идеалното за вас.
Истото ќе ви помогне трајно да ги држите глувците подалеку од вашиот дом, но истовремено нема да им наштети.
Домашно средство против глувци
Едноставно потребно е да купите две тинктури од мента, од аптека. Една тинктура треба да биде на маслена основа, а другата на спиртна.
Во еднаков сооднос, двете тинктури се мешаат во стаклено шише, а потоа најпрактично ќе биде со шприц да ја извадите добиената смеса. На овој начин и најлесно ќе успеете средството да го нанесете на најнедостапните места, меѓу пукнатините на даските и на секое место до домот, каде што сметате дека е потребно.
Огромен плус на домашното средство е неговиот пријатен мирис, од кој глувците ќе се исплашат, а вашиот дом ќе мириса убаво.