Домашно средство против мувла – Безопасно за децата и ефикасно отстранува сè
Секој кој се соочил со мувла во домот, знае колку непријатен проблем може да биде истата, а скапите купечки производи не можат целосно да гарантираат дека мувлата нема повторно да се појави.
За оваа цел, денес ви го претставуваме најдоброто домашно средство, кое ефикасно ја отстранува сета мувла, а притоа е безопасно за децата, благодарение на неговиот природен состав, што го прави извонреден домашен лек против мувла.
Домашно средство против мувла
Потребни состојки
- 4 кафени лажици етерично масло од чајно дрво
- 400 мл вода
- 1 кафена лажица алкохол
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги состојките по следниот ред: Алкохол, масло, вода. Добиената смеса складирајте ја во шише – спреј и со нејзино прскање, третирајте ги проблематичните зони.
Не е неопходно потоа да го чистите растворот, бидејќи тој е целосно еколошки, безопасен и затоа и најефикасен.
Растворот што ќе ви остане, не го фрлајте, туку складирајте го, бидејќи со текот на времето истиот не ги губи неговите својства.