Домашно топено сирење – „По овој рецепт, веќе никогаш не купувам од маркет, едноставно превкусно!“
Денес за вас имаме една неверојатна идеа што да приготвите и да ги воодушевите вашите најблиски. Топено сирење од урда, зарем има подобро? Се прави многу лесно и брзо, а може да го сервирате со било кој оброк. Децата најмногу го обожаваат!
Домашно топено сирење

Servings: 4
Ingredients
- 500 гр урда
- 2 јајца
- 100 гр путер или 2-3 супени лажици кисела павлака
- 250 гр свежи печурки
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 2-3 чешниња лук
- 1 кафена лажица сол
- 4-5 страка магдонос
Instructions
- Измешајте ги урдата, јајцата, омекнатиот путер, солта и содата со пасатор, до добивање хомогена смеса. Исечете ги печурките на мали коцки и запржете ги во тава, до добивање кафеаво-златна боја.
- Гответе на пареа. Поставете го садот со урдата во тенџере со врела вода и мешајте постепено 15 минути. Кога ќе исчезнат грутките, додадете ги печурките и зачините и повторно добро измешајте.
- Ви преостанува топлото топено сирење да го складирате во соодветни садови. Оставете го да се излади, а потоа слободно складирајте го во ладилникот, додека да стане тврдо.