Акните се еден од најчестите проблеми кои се појавуваат на кожата, кој се јавува не само кај помладите, туку и кај повозрасните луѓе. За среќа, постојат ефикасни начини како да се справиме со овој проблем во домашни услови.

Кожата со црнки и затнати пори има потреба од фино и длабоко прочистување, како и навлажнување. Токму за ова најдобро ќе ви помогне домашната доматна маска која денес ви ја претставуваме.

Поради нивниот квалитет, доматите значително ги намалуваат акните и темелно ја чистат кожата. Витамините А, К и Ц кои ги содржат се најчесто дел од козметичките производи против акни, што ја прави оваа маска совршена доколку имате кожа со премногу акни и воедно сакате да ја нормализирате нејзината масна текстура.

Доматна маска за совршено лице без акни

Потребни состојки

  • 1 исечен зрел домат
  • 1 кафена лажица сок од лимон
  • 1 супена лажица овесни снегулки

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки заедно во блендер. Доколку добиената смеса е премногу ретка, додадете уште овесни снегулки. Нанесете ја доматната маска на кожата и оставете ја да дејствува 10-15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Правете ја маската еднаш до двапати неделно, за да ги добиете посакуваните резултати. Се подразбира, пред употребата на било кое домашно средство, консултирајте се со соодветен специјалист.