Домашна обновувачка кератинска маска: „Со неа ја обновив мојата оштетена коса, за време на карантинот!“
Дали знаете дека желатинот не е само моќна состојка во кујната, туку и чудесно може да влијае врз нашата коса? Желатинот е богат со кератин, кој ја обновува и зајакнува косата, притоа правејќи ја значително поздрава и поблескава. Оваа состојка ќе ви помогне да ја обновите вашата коса дури и ако е повеќе оштетена.
Домашна обновувачка кератинска маска за оштетена коса
Потребни состојки
- 1 пакетче безбоен желатин во прав
- Половина чаша вода
- 1 супена лажица јаболков оцет
- 1 супена лажица мед
Начин на подготовка
Најпрво, важно е да се истакне дека количеството на состојките зависи од должината на вашата коса, при што е неопходно пред да започнете со подготовката, овој фактор да го земете во предвид.
Следно, загрејте вода во мало тенџере и при непрекинато мешање, додадете го желатинот. Добро измешајте со цел да нема грутки и смесата да стане доволно густа. Потоа исклучете го шпоретот и оставете ја смесата да се излади. Кога желатинот ќе биде умерено топол, додадете ги јаболковиот оцет и медот.
Начин на употреба
Нанесете ја домашната маска врз претходно измиена коса и оставете ја да дејствува 10 минути, може и повеќе, но не подолго од 30 минути. Се препорачува врз маската да ставите капа за туширање или најлонска кеса, за да го зголемите нејзиниот ефект. По 10 минути добро измијте ја косата и нанесете од вашиот омилен балсам за коса. Користете ја домашната маска еднаш неделно.