Домашно ламинирање на косата со 1 лажица оцет и уште 4 негови извонредни примени
Иако вкусна салата е првото нешто на што речиси секој помислува кога ќе слушне за оцет, всушност оваа здрава и природна состојка има други безброј неверојатни примени, од чистењето до негата на кожата. Денес ви откриваме 5 фантастични употреби:
1. Направете ја вашата коса кадифено мека
За совршено мека и свилена коса измешајте бел оцет со вода во сооднос 1:2, а со добиената смеса напрскајте ја целата смеса и оставете ја да дејствува 10 минути, а потоа исплакнете ја на вообичаениот начин.
2. Неутрализирајте го мирисот на чадот од цигарите
За да го неутрализирате непријатниот мирис од чадот од цигарите, едноставно исипете оцет во соодветен сад и поставете го на местото каде што сакате миристе да бидат елиминирани.
3. Направете лакот на ноктите да трае подолго
Пред да го нанесете првиот слој на лак, потопете ги вашите нокти во половина шолја бел оцет за 10 минути. По нанесувањето на лакот, ќе забележите дека истиот ќе трае многу подолго.
4. Борба против акните
Оцетот ги отстранува вишокот на масти од лицето, ги спречува инфекциите, ги лекува белезите настанати како последица од несаканите акни, ги одзатнува порите, при што кожата благодарение на истиот дише правилно. Едноставно потопете памучен туфер во раствор од 1 супена лажица оцет и 2 чаши вода и нанесете на вашето лице.
5. Ублажете ги убодите од комарци
Јаболковиот оцет има антисептички, антибактериски и својства против чешање, при што истиот ќе ви помогне брзо и лесно да го намалите чешањето и подуеноста на кожата по убодот од здодевните комарци.