„Достапен е во секоја продавница, благодарение на него косата ми е густа, ноктите ми се здрави, а стрии воопшто немам. И вие ќе го засакате овој производ“
Најверојатно и вие самите сте ја забележале зголемената популарност на кокосовото масло во последните неколку години. И навистина, тешко е да се најде производ со толку широк спектар на примена и придобивки. Во продолжение ви ги откриваме 33-те причини зошто треба да го сакате кокосовото масло.
Придобивките од кокосово масло
Кокосовото масло е најчистото масло на светот, кое се состои од специфични масни киселини, кои се разградуваат на многу поразличен начин од другите масла и целосно се апсорбираат во организамот. Производот денес е достапен во скоро секоја продавница и аптека.
При пониска температура, кокосовото масло преминува во цврста состојба, а при повисока температура, се враќа во течна. Без разлика во која форма е, неговите својства се подеднакво моќни
Кокосово масло: Еликсир за убавината
- Навлажнувачки лосион: Секоја вечер пред спиење, избришајте го лицето со памук претходно потопен во кокосово масло. Нежно масирајте ја површината на кожата, а избришете го лицето со крпа.
- Прочистувачка маска за лице: Измешајте 1 супена лажица кокосово масло со 1 супена лажица мед и нанесете ја смесата на лицето, притоа оставајќи ја да отстои 15-20 минути. Исплакнете со топла вода.
- Крем за очи: Нанесете од кокосовото масло на површината околу вашите очи пред спиење, наместо да ставате обичен крем. Маслото ви гарантира подмладување и остранување на темните кругови
- Маска за коса: Најпрво стопете го кокосовото масло и потоа нанесете го на корените од вашата коса и по целата нејзина должина. Завиткајте ја косата во крпа и оставете да остои 30 минути. Потоа измијте со вода и шампон. Еден месец по користењето на овој третман, вашата коса ќе биде блескава, густа и сјајна, исто како од рекламите.
- Лек против првут: Нанесете од маслото на врвот на кожата на главата, завиткајте во крпа и оставете да остои маслото на кожата во текот на целата ноќ. Следното утро измијте ја косата на вообичаениот начин.
- Заштита од Сонцето: Убавиците во Индија не можат да си го замислат животот без кокосовото масло, односно секогаш го нанесуваат на краевите од косата, а маслото ја штити истата од изгореници во периодот кога сончевите зраци се посилни.
- Крем за после бричење: Најдобриот и најефикасниот начин за заштита на кожата од иритација.
- Балсам за усни: Кокосовото масло ја навлажнува и подмладува кожата на усните, ги лечи пукнатините и ги штити од понатамошни несакани појави.
- Ексфолијант за тело и пети: Стопете 2 кафени лажици кокосово масло и во него додадете 1 супена лажица мелено кафе. Смесата ставете ја во калапи за мафини и ставете ја да се лади во фрижидер. Потоа, кога ќе имате потреба, пред секое туширање, вадете по 1 парче и притоа за време на туширањето, нежно масирајте го вашето тело со истото.
- Остранувач на шминка: Кокосовото масло не ги надразнува очите и ефективно ја отстранува целата шминка.
- Омекнувач за кожа: Лакти, пети и секаде каде што имате груба кожа, едноставно нанесете од чудесното масло.
Кокосовото масло за готвење
Потребно е да обратите внимание за каков вид на кокосово масло станува збор. Не смеете да готвите со козметичко кокосово масло, туку на декларацијата треба да биде истакнато дека маслото е наменето за кулинарски цели.
- Масло за пржење и печење: Додава пикантна текстура на јадењата и го збогатува вкусот.
- Сосови за салати: Не само што го збогатува вкусот, туку и ги збогатува јадењата со витамини.
- Додаток за други јадења: Пробајте да додадете кокосово масло во вашите домашни напитоци, како и мајонезот и вкусот пријатно ќе ве изненади.
Кокосовото масло за здравје
- Воспаленија, иритации и рани: Кокосовото масло има антивоспалителни, антибактериски и лековити својства. Едноставно нанесете од маслото на зоната која е воспалена.
- За свеж здив: Кокосовото масло може успешно да се справи со бактериите кои го предизвикуваат лошиот здив во вашата уста, притоа помага и при избелувањето на забите.
- За ароматерапија: Маслото е одлична алтернатива на лосион за масажа.
- За имунитет: Оние кои често го консумираат кокосовото масло, имаат позајакнат имунитет.
- За штитната шлезда: Редовното консумирање на маслото научно е докажано дека ја подобрува функцијата на штитната шлезда
- При артритис: Со редовна масажа со кокосово масло, се ублажува болката.
- При габични инфекции:При 1 супена лажица кокосово масло додадете 3 капки етерично масло од чајно дрво и смесата е потребно секоја вечер да се нанесува на нозете.
- При ангина и болки во грлото: Консумирајте една лажица кокосово масло, но пред да ја голтнете смесата, задржете малку на јазикот, додека маслото не се стопи.
- При изгореници од Сонце: Доколку претерате со сончањето, едноставно нанесете од маслото на кожата и тоа ќе ја заштити истата од појава на понатамошни несакани последици.
Кокосовото масло за деца и за врме на бременост
- При испукани капилари на градите: Кокосовото масло помага за заштита на кожата при испукани капилари кои настануваат во текот на доењето, а маслото е сосема безопасно за детето.
- При стрии: Доколу редовно нанесувате од маслото на вашиот стомак за време на бременоста, ќе ја спречите појавата на стрии.
- За бебешка кожа: Кокосовото масло е одлична замена и на скапите бебешки лосиони.
- Против иритација на кожата: Избришете ја кожата на детето со помош на памук претходно потопен во кокосово масло, секогаш кога ќе ја менувате пелената.
Кокосовото масло за домот
- Против рѓа: Кокосовото масло е можеби најароматичното средство против рѓа што некогаш ќе го сретнете.
- За подмачкување на кујнските уреди: Секој уред, особено апаратите со сечила потребно е редовно да се подмачкуваат, за да нивната функционалност се задржи на подолг временски период.
- Полирање на мебелот: Мебелот ќе заблеска на ефикасен и притоа еколошки начин. За таа цел, ќе би биде потребно да нанесете врз површината на мебелот мало количество од маслото.
- За чевлите: Кокосовото масло ќе ви овозможи и ефективна, притоа лесна грижа за вашите кожни чевли, но и вашите кожни модни додатоци: ремени, чанти и слично.