Доволна е само 1 лажица навечер- 4 важни промени кои настануваат во телото, доколку консумираме мед секојдневно
Безброј пати сме зборувале за лековитите својства на медот, особено за чудесната комбинација на мед и цимет, за неговите моќни антиоксиданти и својства за зајакнување на имунитетот.
Но, дали имате претстава колку многу е корисно консумирањето на 1 лажица мед навечер?
Еве кои неверојатно важни промени настануваат на телото, со секојдневната консумација на мед:
1. Ќе спиете подобро
Медот содржи триптофан- хормон кој ви помага да се опуштите и да му сигнализирате на вашето тело дека е време за спиење. Медот содржи и гликоген, при што пред спиење ќе ви помогне да ја избегнете појавата на адреналин и да имате добар квалитетен сон.
2. Ќе се нормализира вашиот крвен притисок
Медот е богат со антиоксидантни соединенија, за кои е докажано дека го намалуваат крвниот притисок.
3. Подобро ќе ги согорувате мастите
Кога го консумирате, медот го забрзува метаболизамот, што предизвикува термоген ефект врз вашето тело. Односно, се подобрува циркулацијата на крвта, малку се зголемува внатрешната температура и без многу труд, брзо се согоруваат мастите.
4. Ќе се изборите со депресијата
Медот содржи полифенол- органска хемикалија, која помага во борбата против депресијата и го намалува стресот при мозочните клетки.