Дознајте зошто се појавуваат проширените вени и капилари и како да се справите со нив
Варикозните вени се големи, подигнати, потечени крвни садови кои се вртат и превиткуваат. Тие најчесто можат да се забележат на нозете и можат да се видат преку кожата. Капиларите се помали, црвени, виолетови и сини садови. Тие исто така се лесно видливи преку кожата. Освен на нозете често се појавуваат и на лицето.
Симптоми на проширените вени и капилари
Иако капиларите многу ретко предизвикуваат некој вид на неудобност или болка,кај проширените вени станува збор за различна приказна. Во зависност од нивната тежина, проширените вени може да предизвикаат различни симптоми. Тие може да вклучуваат:
- болка
- чешање
- крварење
- оток на нозете или глуждовите
- незгодно или тешко чувство во нозете
- Варикозните вени исто така може да го зголемат ризикот од згрутчување на крвта и проблеми со циркулацијата.
Кај жените, симптомите може да бидат полоши за време на одредени делови од менструалниот циклус или за време на бременоста. Поретки се отоци, чиреви и затемнување на кожата, особено во регионот на глуждот. Повремено, проширените вени можат да формираат болно згрутчување на крвта со воспаление на вената, состојба наречена тромбофлебитис.
Причини за проширени вени и капилари
Голем број на фактори можат да создадат предиспозиции за едно лице да страда од проширени вени и капилари. Тие вклучуваат:
- Наследност
- Професии кои вклучуваат многу стоење, како што се медицински сестри, стилисти за коса, наставници и работници во фабрики
- Дебелината
- Хормонални влијанија во бременоста, пубертетот и менопаузата
- Употребата на апчиња за контрацепција
- Постменопаузална хормонална замена
- Историја на згрутчување на крвта
- Услови кои предизвикуваат зголемен притисок во абдоменот, како што се тумори, запек, и надворешно носење на тесна облека како на пример премногу затегнат ремен.
Други фактори за ризик за проширени вени и капилари
Проширените вени и капилари почесто се развиваат кај жените отколку кај мажите. Тие се зголемуваат со зголемувањето со возраста. Се проценува дека 30% до 60% од возрасните имаат варикозни вени или капилари.
Опции за третмани на проширени вени и капилари
Промени во начинот на живот
Добра хигиена на кожата, губење на тежината (ако е потребно) и пешачењето можат да помогнат во третирањето на проширени вени и капилари.
Третман со склерозација
Склерозацијата е инјектирање на склерозатно средство во вената и нејзино претворање во фиброзна лента со што истата исчезнува. Постапката е едноставна, релативно евтина, и може да се изврши во дерматолошка ординација.
Отстранување капилари со радиобранова технологија
Тенките капилари успешно се третираат со радиобранова технологија со специјален апарат BIONIC.
Доколку страдате од ваков проблем горенаведните третмани можете да ги најдете во реномираната дерматолошка ординација Др Анчевски, сѐ што треба да направите е да си закажете консултации и да си заминете со самоуверена насмевка.