Секој од нас си има свој омилен пар на фармерки. Но, настанува вистинска трагедија, кога по нивно долго носење, тие започнуваат да се кинат и тоа на најнепријатното место- точно по рабовите меѓу нозете.

Наместо очајно веднаш да се свртите кон корпата за отпадоци, денес ви откриваме како во домашни услови, лесно да ги поправите вашите омилени фармерки, така што дупката воопшто нема веќе ни да биде забележителна, а вие ќе можете уште 1 година да уживате во вашиот омилен пар.

За оваа постапка ви е потребна машина за шиење и основни познавања за шиење.

Како правилно да ги поправите и сошиете искинатите фармерки

Најпрво свртете ги фармерките така што нивната внатрешност да стане нивна надворешна страна. На местото каде се наоѓа дупката залепете мрежеста самолеплива лента.

Потоа на машината за шиење, користејќи конец во иста боја како фармерките, започнете да правите паралелни шевови, близу еден до друг. Обратете внимание зашиениот раб да навлегува цврсто и од двете страни на фармерките.

Потребно е иглата да биде со дебелина од околи 1 милиметар.

Повторете го шиењето на рабовите 2-3 пати и завршете со еден краен шев.

Откако ќе завршите, свртете ги фармерките, така што правилната страна да дојде однадвор и на местото каде била дупката и повторете го шиењето на последниот чекор со подебел конец во иста боја како фармерките.

И тоа е сè, вашите фармерки ќе бидат повторно спремни за носење!